Ништо од главни квалификации за СП: Реми на футсал репрезентациите на Шведска и Италија

Футсал репрезентацијата на Македонија ги одигра веројатно најдобрите квалификации во историјата, но и тоа не беше доволно за пласман во баражот за главните квалификации за Светското првенство.

Откако на феноменален начин нашите репрезентативци ја совладаа Шведска на домашен терен, се што ни беше потребно беше вечерва Италија да ја оправда фаворитската улога против Швеѓаните.

Сепак, тоа не се случи Шведска одигра феноменално на домашен терен и успеа да стигне до реми 7-7 проти „аѕурите“ што значеше крај за нашиот национален тим во овој циклус на мундијалски квалификации.

 

Се вчитува...