Ништо од Интер, Пандев сака да ја заврши кариерата во Џенова

Интер се обидува да го врати Горан Пандев назад на „Џузепе Меаца“, но овој трансфер нема да се реализира поради желбата на македонскиот фудбалер да остане во Џенова. Ова денеска го потврди и неговиот агент Леонардо Корси, посочувајќи дека разговорите со Џенова за продолжување на соработката се одвиваат во позитивна насока.

„Интер навистина се интересираше, но мое мислење е дека Пандев нема да мрдне од Џенова. Тоа е како брак и судбина, Горан и неговиот сегашен клуб да продолжат заедно. Пандев има јасна желба, да ја заврши кариерата во Џенова и очекувам тоа да се случи. Разговараме на оваа тема и очекувам наскоро да го потпишеме и новиот договор“ – изјави Корси за италијанските медиуми.

 

Се вчитува...