Ништо од мадридското дерби: „Нула“ на „Сантијаго Бернабеу“

Реал и Атлетико одиграа натпревар без голови во големото мадридско дерби во 7. коло од Ла Лига.

Меч без голови но и без некои поголеми возбудувања сервираа двата тима на „Сантијаго Бернабеу“. Во првото полувреме по една посериозна шанса на двете страни. Герет Бејл во 21. минута имаше одлична можност но не реализираше, а Диего Коста на спротивната страна не погоди во 37. минута.

Во второто полувреме единствено може да се издвои шансата на Марко Асенсио во 66. минута, и тоа е се.

Реал, по ова реми, со 14 бода се израмни на врвот од табелата со Барселона, додека Атлетико со 12 бода остана на четвртата позиција.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...