Екипата на Виљареал требаше да ја дочека Барселона во Мајами во рамките од шпанската Ла Лига, но според последните информации на шпанските медиуми, тоа нема да се случи.
Причината наводно била тоа што организаторите немале време за да се подготват за овој натпревар. Така мечот ќе се игра на стадионот „Керамика“ во Виљареал на 20 декември.
Мечот требаше да биде прв од Ла Лига кој ќе се игра во Мајами. Оваа година е тренд да се играат натпревари од големата четворка надвор од Европа, како што ќе биде случај со мечот Комо – Милан, кој ќе треба да се игра во Австралија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

