Ништо од мегадуелот: Враќањето на Тајсон нема да биде против Холифилд

Враќањето на Мајк Тајсон во боксерскиот ринг нема да биде против стариот голем ривал, Ивандер Холифилд како што се шпекулираше. Менаџерите на двајцата боксери преговараа, но Холифилд барал мечот да биде без победник. Затоа Тајсон објави дека првата борба ќе му биде против друг противник со кого во текот на оваа недела ќе потпише договор.

Шпекулациите за меѓусебна пресметка на двајцата боксери кои претходно се имаат сретнато двапати беа подгреани кога пред извесен период 53-годишниот Тајсон објави видеа од тренинзи, а неколку дена подоцна тоа го направи и 57-годишниот Холифилд.

Тајсон не прецизираше против кога ќе биде борбата, но со сигурност најави дека тој нема да земе воопшто пари и дека целата заработка ќе биде насочена на други лица, во најголем дел во хуманитарни цели.

Се вчитува...