Ништо од Милан и Интер, Елмас и Наполи се фаворити на Михајловиќ за „скудетото“

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ вели дека ќе навива за Елјиф Елмас и неговиот Наполи во борбата за титулата во Италија сезонава. Наполи синоќа славеше со 3-0 против Болоња, а Елмас беше асистент на првиот гол на „наполитанците“.

И покрај поразот, Михајловиќ вели дека нема да навива за Интер и Милан, туку за Наполи во борбата која по се изгледа ќе остане во „тројка“ по слабата форма на Јувентус.

„Навивам за Наполи, бидјеќи има неверојатна публика. Ако го освојат „скудетото“ ќе бидам пресреќен. Од десет натпревари оставрија девет победи и едно реми. Имаат добар, избалансиран тим и одличен тренер. Единствена опасност може да биде Африканскиот куп на нации“, изјави Михајловиќ. 

Наполи во следното коло ќе и гостува на Салернитана, а натпреварот е закажан за во недела од 18 часот.

Се вчитува...