Селекторот на Австрија , Ралф Рангник, најверојатно ќе ја задржи својата позиција како главен тренер на тимот, бидејќи нема да биде назначен за технички директор на Милан , според разни авторитетни извори.
Според извештаите, Германецот им дал на „росонерите“ рок до петок да одлучат дали да го ангажираат. Сепак, тие никогаш не го контактирале Рангник со конечен одговор. Затоа тој го изгубил трпението и решил да ја прифати понудата на австриската федерација за нов договор до Евро 2028.
Од друга страна, двоумењето на раководството на Милан се должи на категоричното барање Рангник да ја добие целата спортска и техничка моќ во клубот. Тие не се подготвени да му ја дадат, бидејќи тоа би го намалило влијанието на високиот советник Златан Ибрахимовиќ .
Така, поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед по вторпат ќе се „размине“ со гигантот од Сан Сиро, откако требаше да стане нивен ментор на почетокот на 2020 година, но планот пропадна во последен момент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
