Ништо од моќниот тандем во Ал Хилал: Мартинели пристигнува, Бензема си заминува!

Ал Хилал е пред реализација на голем трансфер, но наместо да создаде моќен тандем во нападот, клубот ќе остане без една од своите најголеми ѕвезди.

Габриел Мартинели од Арсенал е пред преселба во Саудиска Арабија. Според последните информации, Ал Хилал и Арсенал постигнале принципиелен договор за трансфер вреден околу 66 милиони евра, а бразилскиот напаѓач дал зелено светло за преселбата.

Мартинели така треба да стане едно од најголемите засилувања на Ал Хилал во овој преоден рок. Сепак, неговото пристигнување нема да значи и формирање на тандем со Карим Бензема.

Имено, искусниот француски напаѓач ќе го напушти Ал Хилал. Бензема пристигна во клубот на почетокот од 2026 година од Ал Итихад, но по само неколку месеци ќе побара нова средина.

Бензема на 16 натпревари за Ал Хилал постигна 10 голови и запиша пет асистенции, но и покрај добриот учинок одлучил да ја продолжи кариерата на друго место. На 38-годишниот Французин не му недостасуваат понуди, а меѓу можните опции се споменуваат и враќање во Ал Итихад и трансфер во Ал Шабаб.

Се вчитува...