Ништо од Парма, Гатузо се сели во Шпанија

Италијанскиот тренер Џенаро Гатузо е еден од водечките кандидати за превземање на клупата на шпанска Валенсија. Веста ја потврдија неколку италијански медиуми, кои пишуваат дека Гатузо веќе ги почнал преговорите со „лилјаците“.

Легендарниот фудбалер на Милан последниот ангажман го имаше на клупата на Наполи, која ја презеде од Карло Анчелоти. Со тимот од Неапол го освои трофејот на италијанскиот Куп. Подоцна беше назначен за тренер на Фиорентина, но само после еден месец ја напушти екипата.

Во кариерата ги водеше Сион, Палермо, ОФИ Крит, Пиза и Милан. Гатузо беше еден од кандидатите и за клупата на Парма, но таа можност пропадна.

Се вчитува...