Хрватскиот голман Мирко Алиловиќ одлучи да го продолжи договорот со унгарскиот Пик Сегед. Потписот на новиот договор значи дека Алиловиќ отпаѓа од трката за потпис со битолскиот Пелистер. Исксусниот голман се обврза со унгарскиот клуб до 2023 година, што значи дека најверојатно кариерата ќе ја заврши во клубот за кој настапува од 2018 година.
„Јас и моето семејство сме среќни во Сегедин и затоа сум многу задоволен од потпишувањето на новиот договор. Ова е најубавото место за мене и мојата кариера. Го обожавам животот во Унгарија, која за мене е вториот дом. Се надевам дека во следните сезони ќе се бориме за трофеите во сите натпреварувања“, изјави Алиловиќ.
Покрај за Пик Сегед, Алиловиќ седум години беше дел од Веспрем, а претходно во кариерата настапуваше и за Извиѓач, Адемар Леон и Целје Пивоварна Лашко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА