Ништо од Реал и Арсенал – Шведската сензација останува во Реал Сосиедад

Александер Исак е еден од играчите од кои се очекува многу во иднината. Младиот Швеѓанец имаше одлична клупска сезона во која со 17 голови на 44 настапи му помогна на Реал Сосиедад да се избори за петтто место во Ла Лига, а одличната форма ја продолжи и на Европското првенство со две асистенции во четири натпревари.

Дваесетиедно годишникот со одличните игри го привлече вниманието од европските гиганти, а за неговиот потис се интересираа Арсенал и Реал Мадрид. „Топџиите“ го посакуваа во своите редови како наследник на Обамејанг и Лаказет, додека „кралевите“ го гледаа како поефтина опција во однос на Мбапе и Халанд.

Сепак перспективниот играч останува во Реал Сосиедад и следната година, откако тимот официјално објави продолжување на соработката до 2026 година, а како што пренесуваат шпанските медиуми неговата откупна клаузула ќе изнесува 100 милиони евра.

Се вчитува...