Ништо од реваншот: Хабиб одби 15 милиони долари за нова борба со Мекгрегор

Хабиб Нурмегомедов ја отфрли можноста за нова борба со Конор Мекгрегор откако одби богата понуда за повторно да влезе во октагонот против Ирецот што веќе го победи пред десет дена во Лас Вегас. Американските медиуми објавија дека на Русинот му биле понудени 15 милиони долари за овој мега-спектакл, но Хабиб без многу размислување ја одбил оваа опција, погледите насочувајќи ги кон други ривали.

Конор Мекгрегор веќе не е интересен за Хабиб и тој нема да се бори со него. Знам дека му нудат реванш, од самиот почеток најавија сума од 15 милиони долари, но Хабиб рече дека не сака, а тој е човек од збор што не се премислува лесно. Конор нека си се бори со други, а Хабиб сака да влезе во битка со Тони Фергусон“ – открива извор близок до новиот шампион.

Борбата меѓу Нурмагомедов и Фергусон е планирана за почетокот од 2019 година, а останува да се види дали по неа ќе следи и мега-пресметка меѓу Хабиб и американскиот боксер Флојд Мејведер.

Се вчитува...