Ништо од забраната: Барса, Реал и Јуве ќе играат во ЛШ

УЕФА долго време им се закануваше на Реал Мадрид, Барселона и на Јувентус со исфрлање од европските купови во наредните сезони, но сега веќе е јасно дека станувало збор за празни зборови од претседателот Александар Чеферин.

Бројни европски медиуми објавија дека трите клуба денеска и официјално биле известени дека се наоѓаат на листата на учесници за Лигата на Шампионите за наредната сезона, ставајќи крај на шпекулациите дека до крајот на овој месец би можеле да им бидат изречени суспензии кои би значеле неиграње во ЛШ во следните една или две сезони.

Флорентино Перез во неколку наврати повторуваше дека УЕФА нема никаков аргумент за санкција, камоли суспензија, а откако прво беше утврдено дека УЕФА нема да може судски да ги гони „бунтовниците од Суперлигата“, сега стигна потврдата дека нема да може да биде изречено ниту бркање од натпреварувањата под капата на европската куќа на фудбалот.

Се вчитува...