Новак Ѓоковиќ сепак нема да стигне до „Златен-слем“ годинава откако на него несвосјтвен начин загуби добиен меч против Александар Зверев во полфуниналето на тенискиот турнир на Летните олимписки игри во Токио со 2-1 по сетови 1-6, 6-3 и 6-1.
Ѓоковиќ имаше предност од 1-0 и 3-2 во вториот сет со брејк, а потоа следеше неверојатен пад. Русинот освои четири гема по ред и израмни на 1-1, а потоа со уште четири гема по ред стигна до водство од 4-0 во одлучувачкиот трет сет.
Во финалето Александар Зверев ќе игра против Русинот, Карен Хачанов, додека Новак Ѓоковиќ повторно ќе игра само во мечот за бронзата, а негов противник ќе биде Шпанецот, Пабло Карено Буста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА