Ница го посрамоти Марсеј во францускиот куп (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ница се пласираа во полуфиналето на францускиот куп, откако вечерва во четвртфиналниот дуел на домашен терен го посрамотија Олимпик Марсеј со 4-1. Гостите подобро го отворија мечот и поведоа преку автоголот на Бард уште во 3. минута.

Сепак, како овој гол да ги налути домаќините кои само седум минути подоцна преку Гури израмнија на 1-1, а до крајот на првите 45. минути со голот на Клајверт во 29. минута на пауза заминаа со позитива од 2-1. До крајот на мечот Клајверт со својот втор гол во 49. минута и Делорт во 61. ги поставија конечните 4-1.

Во првото четвртфинале Версај славеше над Берегерак по изведување на пенали.

Се вчитува...