Ница обезбеди опстанок во француската елита

Ница вечерва слави откако оваа екипа успеа да излезе како победник од бараж двомечот со Сент Етјен, со што стигна до билет за и следната сезона да се натпреварува во елитното француско фудбалско друштво.

Првиот меч во Сент Етјен заврши без голови, реваншот поради казната за Ница се играше пред празни трибини, па и првите 45 минути од вечерашниот дуел не донесоа преголеми возбудувања.

Затоа пак вториот дел беше супер-возбулив, Ница успеа да слави со 4-1 и да го осигура опстанокот во елитата. Искусниот Клос го отвори резултатот, но Сент Етјен израмни од пенал во 79. минута. Гостите беа шокирани само две минути подоцна кога Будаш одлиично се снајде и ја врати Ница во предност, пред Ваи да блесне и со два гола во 87. и во 92. минута да стави печат на големиот триумф на својот тим.

Се вчитува...