Ница со гол во 91. минута се искачи на второто место во Франција

Ница се искачи на втората позиција на табелата во француското првенство откако во 12. коло славеше на гостувањето кај Анжер со 1-2 благодарение на гол во судиското дополнување. Но, и покрај тоа клубот заостанува осум бода зад водечниот ПСЖ.

Домаќините поведоа во 29. минута од натпреварот со голот на Вуфал, а резултатот 1-0 остана на семафорот и до крајот на првото полувреме. Ница до изедначување стигна во 57. минута по голот на Дело, а истиот играч го комплтираше пресвртот во 91. минута од натпреварот.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...