Ница со триумф над Ремс ја продолжува потерата по ПСЖ

Екипата на Ница оствари победа над Ремс и ја продолжува потерата по ПСЖ на првата позиција. Сега разликата межу двата тима е четири поени, како што беше и пред ова коло, а Ница го прими само шестиот гол во сезоната.

Лаборд во 55. минута до донесе домашниот тим во предност, за Абделхамид во 78. минута успеа да израмни. Меѓутоа Бога во 82. минута донесе предност и победа за домашните.

Со тоа Ница ја продолжува серијата на добри резултати сезонава, и најавува битка за титулата со ПСж, или во најмала рака битка за местата кои носат во ЛШ.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...