Ниту „бомбата“ на Кировски не помогна „лавовите“ да се спасат на Чаир (ВИДЕО + ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шкупи дури во 6. коло од новата сезона конечно стигна до првата победа. Чаирчани славеа со 2-1 пред своите навивачи против Македонија ЃП.

Домашните дојдоа до предност со голот на Мухарем Сухељ уште во 10. минута, кој убаво искористи една топка по шутот од слободен удар на Виктор Ангелов…

Во, 54. минута со извонреден шут од 25 метри Христијан Кировски успеа да израмни…

Но тој гол не им помогна на гостите да се спасат од пораз откако во 61. минута Баже Илијоски од пенал донесе победа за Шкупи од 2-1.

 

Се вчитува...