Душан Влаховиќ повеќе од една година преговараше за да ја продолжи соработката со Јувентус, за момент се чинеше дека двете страни се многу блиску до наоѓање на заеднички јазик, за вчера официјално да биде потврдено дека Србинот дефинитивно ќе ги напушти „црно-белите“ од Торино како слободен играч.
Влаховиќ инсистираше на плата од осум милиони евра, плус осум милиони евра бонус за потпис на новиот договор, последната понуда на Јувентус изнесуваше 6,5 милиони евра плата и 3,5 милиони евра за потпис, па јасно е дека кога разликата е така голема, не може да дојде до договор.
Директорот на Јувентус, Џорџо Кјелини, не го криеше разочарувањето од ваквиот исход на преговорите, но потенцираше дека ниту еден клуб во Италија нема буџет за да ги задоволи ваквите барања на српскиот репрезентативец.
„Штета, искрено верував дека Душан ќе остане, но она што тој го бараше беше невозможно да биде исполнето. Не говорам само за нас во Јувентус, ниту еден клуб во Италија нема пари да го земе Влаховиќ под условите што ги бара. Убеден сум дека ќе си замине од Калчо-лигата“, истакна Кјелини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
