Италија е следниот противник на Македонија во квалификацискиот циклус за пласман на ЕП. Македонија преставува „кошмар“ за „азурите“, а така беше и во овие квалификации кога во Скопје им „скинавме“ два бода.
Селекторот Благоја Милевски очекува сосема различен натпревар од оној во Скопје, како и од оној бараж за пласман на Светското првенство кога во Палермо Македонија ја „шокираше“ селекцијата на Италија и ја сопре на патот кон Катар.
„Повторно ќе кажам дека ниту еден натпревар не наликува на оној претходниот. Сето она кое го одигравме против Италија е во минатото, сега не’ очекува сосема поинаков натпревар, со сосема поинаква тежина од минатиот квалификациски или од оној плеј-оф натпревар. Имајќи ги во предвид последните неколку натпревари и филозофијата на селекторот Спалети, очекува да има неколку измени во нивниот состав“, рече Милевски.
Предводникот на „А“ тимот кажа дека нема штедење на силите, за потоа со Англија дома да се прикажеме во добро светло.
„Не сме во ситуација да се штедиме, затоа велам секогаш првиот натпревар е најважен. Таа е ситуацијата и не можеме да промениме многу тука, имаме краток период на подготовка, фудбалерите се свесни дека треба да бидат физички подготвени. Тоа што имаме проблеми во нивните клубови и слабата минутажа, тоа е веќе друга тема“, изјави Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА