Ниту европскиот првак не може да го сопре налетот на Баерн Минхен (ВИДЕО)

Екипата на Баерн Минхен стигна до уште една победа во Лигата на шампионите, и сега со четири победи заедно со Арсенал се на првото место на табелата. „Баварците“ имаат 16 победи од исто толку натпревари во оваа одлична сезона.

Баерн Минхен дојде во предност уште во 4. минута со голот на Луис Диаз. По една супер акција, најпрво се обиде Олисе, одбрани Шевалие, но одбиената топка дојде до Диаз, кој ја спроведе топката во голот на домаќините. Потоа ПСЖ успеа да израмни, но голот беше поништен поради офсајд. Европскиот првак се соочи со првиот проблем. Поради повреда, Дембеле мораше да го напушти теренот, а дојде и дуплирање на водството на Баерн откако Диаз ја украде топката на Маркињос, и погоди во голот на домашните.

Следуваше глупоста на Дијаз и црвениот картон, по крвничкиот старт над Хакими. Поради овој старт, мароканскиот репрезентативец мораше да го напушти теренот.

ПСЖ во вториот дел нападна, имаше играч повеќе на теренот, и успеа да намали и да донесе неизвесност. Невеш по една долга акција со волеј удар го совлада Нојер во 74. минута, но не и да освојат барем бод и да останат непоразени од овој дуел.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...