Ниту Хоџсон не најде лек за Кристал Палас: Дејвис ги однесе бодовите во Саутемптон

Кристал Палас го промени менаџерот, но не ја промени играта и навиките да загуби. Ниту Рој Хоџсон не успеа да промени ништо во тој поглед во својот прв натпревар на кормилото на Кристал Палас, со оглед дека Саутемптон славеше со 0-1. Стивен Дејвис уште во шестата минута ја погоди мрежата на домаќините, а тоа беше доволно за освојување на трите бода.

Кристал Палас има пет порази на првите пет меча во Премиер – лигата, и катастрофална гол разлика, 0-8. Тоа е нов неславен рекорд во елитното англиско фудбалско друштво.

Се вчитува...