Ниту Кина ниту ПСЖ – Пепе го избра Интер

Италијанскиот прволигаш Интер ќе биде изборот на Пепе за следен клуб во кариерата на португалскиот ветеран. Искусниот дефанзивец летово ќе стане слободен играч по истекот на договорот со Реал Мадрид, а покрај богатата понуда од кинескиот клуб Хебеи, Пепе ја разгледуваше и опцијата за преселба во францускиот ПСЖ.Весникот „Газета дело спорт“ открива дека ситуацијата се променила по именувањето на Аусилио за нов директор на Интер. Првиот оперативец го посочил токму Пепе како една од желбите за следната сезона, а фактот дека тој доаѓа без никаква отштета само ги забрзал преговорите. Извори блиски до фудбалерот тврдат дека тој не сакал да се сели во далечната Кина, а Милано му делувал како идеален град за живот.Фактот дека добил понуда за двогодишен договор, но и дека Интер нема врвни дефанзивци, па ќе може да се бори за првотимски статус, придонеле Пепе експресно да ги договори финансиските услови, па се чека само одобрување на трансферот од страна на кинеските газди на „нероаѕурите“ (што не би требало да претставува никаков проблем) за преселбата на Португалецот на „Џузепе Меаца“ да може да се официјализира.

Се вчитува...