Ниту Лестер не најде лек за Јунајтед на Солскјер

Манчестер Јунајтед ја продолжи серијата од осум натпревари без пораз во англиската фудбалска премиеригашка конкуренција. Во дуелот од 25.коло, Јунајтед со 1-0 славеше на гостувањето кај Лестер за седма победа на последните осум дуели во најсилната англиска конкуренција и се проби на петтата позиција на табелата со 48 бода и ќе се надева на кикс на Арсенал во дербито со Манчестер Сити за да остане на ова место и по комплетирањето на рундата.

Целата работа за триумфот, Манчестер Јунајтед ја заврши уште во деветтата минута од средбата кога Маркус Рашфорд по брилијантната асистенција од Пол Погба го погоди голот на Каспер Шмајхел. Иако Лестер во голем дел од второто полувреме имаше поголема иницијатива не дојде до погодок. За Лестер ова беше 11. пораз сезонава, секако останува во стабилната средина од табелата со 32 бода на 11. место.

 

Се вчитува...