Ниту Ливерпул, ниту Баерн: Чаби Алонсо ќе чека повик од клубот од соништата?

Како тренер на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо прави чуда во Германија. Го надмина рекордот на Баерн Минхен во серија на непоразеност, а со неговиот тим оди кон титулата во Бундеслигата, но она што е уште поважно е дека тимот игра одличен фудбал.

Затоа стигна и интерес од Ливерпул и од Баерн Минхен, клубови кои ќе се „борат“ за потписот на Алонсо, со оглед дека и едните и другите остануваат без тренер од идната сезона. Алонсо коментираше дека во моментов не го интересираат други клубови, туку е фокусиран само кон работата во Леверкузен.

Меѓутоа може да се случи Алонсо да остане на чело на „фармацевтите“, и да чека друга понуда. Според некои медиуми, Алонсо ќе ја чекал понудата од клубот од неговите соништа – Реал Мадрид.

„Кралевите“ идната сезона сигурно на клупата ќе го имаат Карло Анчелоти, кој го продолжи договорот, но може да се случи во 2025 година да стигне повик до Алонсо. Докму Алонсо е идеален наследник за дон Карло, но прашање е дали ќе успее шпанскиот тренер да одолее на понудите на Баерн, и пред се на Ливерпул.

Се вчитува...