Ниту на Матип не му се веруваше каков „еврогол“ постигна Алкантара (ВИДЕО)

Ливерпул стигна до водство од 2-0 против Порто во натпревар кој нема никакво резултатско значење за „црвените од Енфилд“. Стрелец на првиот гол на избраниците на Јирген Клоп беше Тијаго Алкантара.

Шпанецот на неверојатен начин ја затресе мрежата на Португалците, а реакција на Жоел Матип кажува се за тоа каква „мајсторија“ направи Алкантара.

 

 

Се вчитува...