Ниту небото не е граница за Јокиќ: Нов трипл-дабл, нови рекорди, Денвер почна победнички во финалето (ВИДЕО)

Очигледно е дека „ниту небото не е граница“ за Никола Јокиќ кој пронаоѓа само нови височини на својот пат до првиот прстен во НБА лигата со Денвер нагетс.

Со неверојатен деветти трипл-дабл ефект во плејофот, Јокиќ го водеше Денвер до победа од 104-93 на стартот од големото финале против Мајами. Во новата извонредна партија Србинот постигна 27 поени, најмногу на мечот, дополнети со 10 скока и 14 асистенции.

Кон првиот триумф во финалето го следеа Џамал Мареј со 26 поени, Гордон со 16 поени, Портер со 14 поени и 13 скока а Браун со 10 постигнати поени.

Во редовите на Мајами се издвоија Бам Адебајо со 26 поени, 13 скока и пет асистенции, а Џими Батлер имаше лоша вечер со само 13 постигнати поени.

Се вчитува...