Легендата на Реал Мадрид, Фернандо Мориентес, ја нападна ѕвездата на клубот Винисиус Жуниор за неговото однесување на теренот за време на Ел Класико. Тој беше навреден од однесувањето на Бразилецот откако Чаби Алонсо одлучи да го повлече од теренот.
На 20 минути пред крајот на регуларниот дел од натпреварот, тренерот на кралскиот тим одлучи да ги извади Вини, а Родриго да влезе на теренот. Бразилската ѕвезда почна да мавта со рацете, почна да протестира против замената, а потоа отиде директно во соблекувалната без да се поздрави со тренерот.
За Мориентес, ова е израз на огромно непочитување. Легендата на клубот многу добро знае што би направила со него.
„Прво на сите, ова е недостаток на почит кон тренерот. Тој е оној кој ги носи одлуките“, изјави Мориентес и продолжи:
„Можеш да се лутиш, можеш да покажеш незадоволство, но му кажуваш на тренерот следниот ден. За мене, ова е израз на непочитување кон соиграч кој влегува во игра и човек кој е негов соиграч во репрезентацијата. Ова е непочитување кон навивачите, тренерскиот штаб, кон сите…“
„Едноставно не можеш така да реагираш и да мавташ со рацете. И тоа не само еднаш. И покрај сè, не седнуваш на клупата, туку одиш директно во соблекувалната. Тоа е недостаток на почит и треба да биде сериозно казнето“, рече Мориентес и заклучи:
„Реал Мадрид е над сите играчи. Без разлика што велат, „тоа дете е добро“. Тоа му се случува постојано“, истакна Мориентес.
Every club in the world would want a player like Vini Jr.. If Madrid doesn’t want him, ok let him leave.. You can’t sub him every game like that, he’s on his prime. Players like him wants to play every second and every game.
— Cristiano Ronaldo News (@CRonaldoNews) October 26, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

