Нојер брутално ја коментираше играта на Баерн под палката на Ковач

Не е тајна дека Баерн Минхен не изгледа баш најдобро под водство на Нико Ковач, а во германската јавност дополнително се засилени тензиите откако Баерн едвај се „протна“ во Купот против најслабиот второлигаш.

По мечот Нико Ковач вината ја насочи кон фудбалерите кои, пак, не му останаа должни. Најбруталната порака досега ја испрати капитенот на Баерн, Мануел Нојер кој критикуваше се…

„Во наслов напишете само Баерн, и под тоа оставете празна страница. Тоа најдобро ја опишува нашата претстава“ – истакна Нојер пред германските медиуми.

Навивачи веќе активираа кампања на социјалните мрежи против Ковач со категорични барања за негово заминување од клубот.

Се вчитува...