Нојер ги збесна челниците на Баерн, клубот е подготвен и да го ослободи

Мануел Нојер го налути раководството на Баерн Минхен со односот за време на преговорите за нов договор.

Како што пренесува „Билд“, челниците и тоа како се налутиле откако агентот на Нојер ги напуштил просториите на Баерн по само четири минути. Причина е тоа што клубот му нуди договор до 2023 година, а Нојер сака соработка до 2025 година.

Од Баерн очекувале дека ќе добијат многу поголема почит од својот долгогодишен голман, па сега поради таквиот однос се подготвени и да го ослободат од обврските.

Баерн Минхен веќе доведе замена за Нојер во Александар Нубел кој доаѓа од јуни во клубот. Нојер направи дополнителни проблеми претходно и кога слушна за доаѓањето на 23-годишниот Нубел. Тогаш истакна дека нема намера да седи на клупата.

Нојер се поврзува со Челси, но неговиот став се уште е дека не сака да го напушти Баерн.

Се вчитува...