Нојер го напушта Баерн Минхен и се сели во Италија

Германскиот репрезентативен голман Мануел Нојер го напушта Баерн Минхен. Тој не успеа да се договори со раководството на клубот за продолжување на соработката, а има обврски до 2021 година. Баерн Минхен од 1.јули ќе биде посилен за Нубел, голманот на Шалке 04 кој доаѓа без обештетување, а Нојер најверојатно се сели во Италија.

Медиумите на „чизмата“ откриваат дека Јувентус е сериозно заинтересиран за услугите на Мануел Нојер и подготвен е да плати 15 милиони евра за да го доведе во Торино. Би било тоа значајно засилување на голманската позиција, каде „старата дама“ го има и Шчешни и ветеранот Буфон.

Нојер во 2011 година од Шалке 04 се пресели во Баерн Минхен за 30 милиони евра.

 

 

 

Се вчитува...