Нојер: И натаму се е во наши раце!

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер вели дека и натаму се е во нивни раце по синоќешното реми со Реал Мадрид во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите.

„Секако дека сакавме да победиме, мислам дека и заслуживме да дојдеме до триумф. Но, ќе се концентрираме на реваншот кој ќе одлучи кој ќе оди во финале“ – рече Нојер по синоќешните 2-2 на „Алијанц арената“ во Минхен, и дополни:

„Добро е што и натаму се е во наши раце, и што и натаму можеме да направиме разлика и до одиме на Вембли. Мадрид е едно од најтешките места за победа. Но ќе мора да бидеме храбри за да дојдеме до целта“.

Се вчитува...