Нојер: Ова не е Баерн!

Баерн Минхен во 8. коло од Бундеслигата одигра само 2-2 на гостувањето против Аугсбург пропуштајќи можност да се врати на врвот од табелата по киксевите на конкурентите.

Баерн е најефикасен тим досега во лигата со 22 постигнати погодоци, но прими и дури 10 гола во осум натпревари.

„Четири победи од осум натпревари не е тоа што го планиравме. Кога ќе примиш гол во првата минута и во последните секунди од мечот, тоа доволно зборува колку тимот е концентриран. Не велам дека сме неодговорни и арогантни, но очигледно сме преопуштени и играме со преголема самодоверба. А, тоа не е Баерн. Ова на што личиме во моментов не е Баерн“ – вели голманот на Баерн, Мануел Нојер.

Се вчитува...