Нојер: Секој кој играл фудбал знае како се чувствувам

Мануел Нојер цели 88 минути бранеше блескаво на голот на Баерн Минхен на „Сантијаго Бернабеу“, но се падна во сенка на големиот „кикс“ по ударот на Винисиус, кога искусниот голман ја испушти топката и му овозможи на Хоселу да го постигне израмнувачкиот погодок.

Реал зеде сила по тој гол и неколку минути подоцна повторно стрелаше прецизно, а Нојер не го криеше разочарувањето по последниот свиреж.

„Секој кој играл фудбал знае како се чувствувам. Веќе направивме голем чекор кон Лондон, се гледавме себе си во финалето, а потоа испаднавме во самиот финиш. Немам зборови“, изјави разочараниот Нојер.

Тој се осврна и на контроверзниот момент од судиското продолжение и поништениот гол на Де Лихт поради неправилно досудениот офсајд од полскиот арбитар.

„Судиите беа премногу импресионирани што се на „Сантијаго Бернабеу“. Тоа е недозволиво, сепак говориме за полуфинале од Лигата на Шампионите“, прокоментира ветеранот на голот на Баерн Минхен.

Се вчитува...