Ноќ на фантастични голови: „Бомба“ на Ериксен во триумфот на Тотенхем

Тотенхем славеше со 4-2 против ПСЖ во натпреварот на Интернационалниот куп на шампионите кој се игра во САД.

Најубавиот момент на мечот беше секако „бомбата“ на Ериксен во 11. минута за во тие моменти израмнување на Тотенхем на 1-1. Ериксен се одлучи на шут од 30 метри и постигна фантастичен погодок…

Eriksen protiv PSG-a by goloviliga

До крајот на првото полувреме беше 2-2, а во вториот дел Тотенхем со головите на Алервирелд и Кејн во 82. и во 88. минута стигна до победата. Стрелци на двата гола за ПСЖ беа Кавани во 6. минута и Пасторе во 36. минута.

Се вчитува...