Ноќ на Харден и на Дончиќ: +40 поени за победи на Далас и Бруклин

Уште една одлична ноќ на Лука Дончиќ во НБА лигата. Во победата на Далас против ЛА Клиперс од 105-89, Дончиќ постигна 42 поени, со шест скока и девет асистенции.

Мемфис го совлада Мајами со 89-85, а на гостите не им беше доволен ниту расположениот Батлер со 24 поени.

„Трипл-дабл“ ефект на Џејмс Харден за победа на Бруклин против Индијана од 115-124. Харден мечот го заврши со 40 поени, 10 скока и 15 асистенции.

Одличен меч имаше и Пауел кој постигна 43 поени за Торонто против Детроит, но тоа не беше доволно затоа што Пистонс славеше со 116-112 на крилјата на Беј кој заврши со „дабл-дабл“ од 28 поени и 12 скока.

Портер со 28 поени и 13 скока го предводеше Денвер до победа против Шарлот, додека Голден стејт го надигра Хјустон и славеше со 94-108.

Кливленд беше подобар од Бостон с0 117-100. Секстон постигна 29 поени, колку Татум кај Бостон.

Вистинска драма имаше на натпреварот во Вашинтгон на кој домашните загубија од Сакраменто со 119-121. Бил со 29 поени беше прво име кај Вашингтон, додека Фокс со 28 поени беше најрасположен кај Кингс.

Филаделфија и Милвоки играа продолженија во кои славеше Милвоки со 105-109. Антедукомбо мечот го заврши со 32 поени и 15 скока.

 

Се вчитува...