„Нокаут“ за „волчицата“, Белоти го освои Рим

Торино приреди големо изненадување во 18. коло од Серија А, како гостин триумфирајќи против Рома со 0-2. Во главна улога беше Андреа Белоти, кој со двата гола го замолкна „Олимпико“ и ја прекина серијата од пет меча без пораз на „волчицата“.

Рома вообичаено имаше повеќе од контролата над топката, но тешко создаваше шанси во противничкиот шеснаесетник. Торино ја искористи својата втора можност, откако Белоти буквално во последните секунди од првото полувреме со маестрален удар ја затресе мрежата. Тоа придонесе римскиот клуб дополнително да ја отвори играта во вториот дел, во игра влегоа и Мхитаријан и Калиниќ, но и вториот гол на мечот падна во мрежата на домашниот тим.

Судијата покажа на белата точка поради играње со рака на Ундер, а Белоти го искористи тоа и со прецизно изведен пенал го запечати триумфот на Торино,

Се вчитува...