„Ноќна мора“ за Реал – Италијанецот Роки ќе ја дели правдата во Скопје

УЕФА одлучи 43-годишниот Италијанец од Фиренца, Џанлука Роки да биде главен делител на правдата на Суперкупот 2017 меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед кој се игра на 8. август на „Телеком арената“ во Скопје.

Роки досега им судел по трипати и на Реал Мадрид и на Манчестер јунајтед, но Шпанците немаат позитивни впечатоци од натпревари на кои правдата им ја делел Италијанецот. Имаат едно несреќено реми (1-1) со Манчестер сити од сезоната 2012/2013, а го паметат и едно од најлошите свои изданија под палката на Зинедин Зидан, поразот од Волфсбург во 2016 година.

Манчестер јунајтед, пак, кога им судел Роки имаат победи над Бурсаспор (1-0) и Ајакс (2-0) и пораз од Олимпијакос (0-2).

Се вчитува...