Ноле, кој е твојот суперхерој… Ѓоковиќ одговори со насолзени очи

Новак Ѓоковиќ го откажа настапот на Мастерс-турнирот во Мајами, но српскиот тенисер остана во овој американски град за да мине извесно време во „нетениски активности“.

Меѓу другото, Новак беше гостин на самитот „Upfront“ на кој славниот тенисер одговараше на најразлични прашања од посетителите. Еден од нив го праша Ѓоковиќ кој е неговиот омилен суперхерој, очекувајќи одговор од некој од акционите филмови.

Сепак, Ѓоковиќ даде оригинален одговор, емотивно со насолзени очи кажувајќи само „Мајка ми“…

Следеше ново прашање: Која мајка? поради фактот дека Новак често ја потенцираше првата тренерка во кариерата, Јелена Генчиќ како своја „тениска мајка“.

„Двете мајки“, беше вториот одговор на Ѓоковиќ, по кој присутните во салата станаа за да му аплаудираат на најдобриот тенисер на сите времиња.

Се вчитува...