Ноле во еуфорија ја искина маицата, Алкараз плачеше па Ѓоковиќ го тешеше (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз одиграа неверојатен меч во финалето на Синсинати кој без сомнение може да го добие епитетот – меч на годината. На крај Ѓоковиќ славеше во три сета, 5-7, 7-6 (7), 7-6 (4), на тој начин расплакувајќи го на крајот Алкараз.

Алкараз беше премногу емотивен на крајот од мечот, па не можеше да ги скроти солзите. Ѓоковиќ ја покажа својата големина со зборови утеха за и пофалби…

„Карлос ти си навистина голем човек и тенисер. Ти се неверојатен, за две години постигна работи кои некои не можат цела кариера, а пред тебе се уште многу, многу трофеи… Алкараз е неверојатен, Алкараз никогаш не умира“ – истакна Ѓоковиќ на крајот од мечот.

Српскиот тенисер во еуфоријата по победата не можејќи да ја контролира својата радост во еден момент ја искина и маицата, покажувајќи колку всушност му значи оваа победа.

Се вчитува...