Ноле засвири на саксофон: Измисли песна и играше, па предизвика солзи од смеа кај присутните! (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ ќе започне со своите настапи на УС Опен ноќта помеѓу вторник и среда (околу 1 часот по полноќ), но и пред тоа, се разбира, Србинот е тема број еден на последниот гранслем турнир во сезоната.

Во „белиот спорт“ на големо се зборува за Ѓоковиќ и неговиот потенцијален рекорд и „календарски слем“, а за тоа време, Ноле се обидува да се опушти и да се забавува пред почетокот на можеби две големи, значајни и најстресни недели во неговата досегашна кариера.

Ноле објави видео од хотелска собата на социјалните мрежи, а фановите можеа да видат и чујат дека се обидел да научи да свири саксофон, иако тоа не му оди најдобро. Србинот фалшираше, но дефинитивно ги насмеа сите, особено при изведувањето на танчерските потези и „измислената“ музика.

 

 

 

Се вчитува...