Норевешката штафета со златото во биатлон

Штафетата на Норвешка го освои златниот медал во биатлон 4х7,5 километри. Норвежаниот во поголемиот дел од трката б еа најдобри, и сосема заслужено го освоија златниот медал. Штафетата сочинета од Лаегрид, Бое, Бое и Кристиансен, ја заврши патеката за 1:13.53. Втора заврши Франција со 27,4 секунди заостанување, а трета штафетата на Русија со 45 секунди заостанување.

Бранителот на златниот медал, селекцијата на Шведска заврши само како петтопласирана, а во ТОП 5 влезе и германската штафета.

Токму Норвешка води во освоениот број на медали, и ова одличје само ќе ги подобри на врвот на листата на освојувачи на медали на ЗОИ во Пекинг.

Се вчитува...