Норис до изненадувачка пол-позиција, кошмар за Хамилтон

Ландо Норис приреди големо изненадување успевајќи да стигне до пол-позицијата во пресрет на утрешната трка на патеката во Сочи.

Влажната патека им создаваше проблеми на возачите, а кога таа се исуши и требаше да дојде до промена на гумите, ситуацијата максимално ја искористи Норис, кој оствари најдобро време. Луис Хамилтон имаше инцидент откако со болидот се удри во ѕидот при влегувањето во пит-стоп по што не можеше да се врати на патекат до крајот на квалификациите. Поради ваквиот развој на настаните, Хамилтон денеска го освои само четвртото место.

Макс Ферстапен, кој моментно е лидер во генералниот пласман, трката ќе ја почне од последното место бидејќи беше принуден да го промени моторот по проблемите што ги имаше со болидот во изминатите денови.

Зад Норис на втората и третата позиција ќе стартуваат Саинц и Расел, по кои ќе следат Хамилтон, Рикиардо, Алонсо, Ботас, Строл, Перез, Окон…

Се вчитува...