Норвешка доминација во Мерибел, Кристоферсен најдобар во слалом сезонава

Хенрик Кристоферсен го освои малиот кристален глобус во слалом сезонава откако на последната трка која се возеше во францускиот Мерибел го освои второто место.

Победата му припадна на неговиот сонародник, младиот Атле Лие Мекграт кој двете трки ги заврши со вкупно време 1:34.52 минута, што беше за 37 стотинки подобро токму од Кристоферсен.

Третото место му припадна на Австриецот, Мануел Фелер кој доцнеше 77 стоти делови од секундата зад победничкото време.

Од претходно големиот кристален глобус го осигура Швајцарецот, Марко Одермат.

Се вчитува...