Норвешка дури по продолжение подобра од Исланд за директно место на СП

Репрезентацијата на Норвешка го освои 5. место на Европското првенство откако славеше дури по продолжение против Исланд со 34-33, со што си обезбеди директно место на следното Светско првенство.

Во првото полувреме Норвежаните беа далеку подоминантна селекција на паркетот, завршувајќи ги првите 30 минути со предност од 16-12.

Но, во вториот дел целосен пресврт во играта на Исланѓаните кои на две минути пред крајот дојдоа и до предност од 26-27. Сепак до крајот Норвешка израмни обезбедувајќи продолженија на мечот. А, во продолжението Норвежаните беа посреќни за конечна победа и покрај тоа што на две минути пред крајот имаа и негатива од 32-33.

Најефикасен во победничкиот тим беше Сагосен со осум погодоци, а Реинкинд заврши со шест гола. Кај Исланд Магнусон беше најдобар со 10 постигнати гола.

Се вчитува...