Норвешка е нов европски ракометен шампион откако во неверојатно финале со трилер завршница го совлада актуелниот првак Франција со 20-22.
Норвежанките одиграа одлично прво полувреме и на пауза заминаа со предност од четири гола 10-14. Французинките одиграа неверојатно второ полувреме особено во фазата на одбрана и во еден момент успеаја да стигнат и д водство од 19-18. Сепак Норвешка успеа да се консолидира и со одлична игра во финишот да стигне до нова европска титула.
Кристиансен, Сконгард и Мерк со по четири гола беа најефикасни кај победникот, а одлична беше Слије Солбер која забележа 16 интервенции. Кај Франција Паулета Фопа заврши со пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА