Норвешка е во финалето, Шпанија издржа само едно полувреме

Норвешка е вториот финалист на ракометниот мундијал за жени откако трофејната селекција славеше на полуфиналниот дуел со домаќинот Шпанија со резултат 27-21.

Норвежанките влегоа во полуфиналето со улога на апсолутен фаворит, но во првиот дел налетаа на силен отпор од мотивираните домашни ракометарки. И покрај удобното водство од „плус четири“ на Норвешка на почетокот, Шпанија успеа да се врати и на одмор се замина со израмнети 11-11. „Црвената фурија“ парираше само до 15-14, за потоа Норвежанките да влезаст во новасерија, да поведат со „плус пет“ и да си го трасираат патот до големото финале.

Нора Мерк со осум погодоци беше најефикасна во оваа убедлива победа на Норвешка, а седум гола постигна Дале.

Норвешка во големото финале ќе се сретне со Франција, додека Шпанките во мечот за третото место за ривал ќе ја имаат Данска.

Се вчитува...