Норвешка, Фарски Острови и Шпанија обезбедија пласман на Светското првенство

Селекциите на Норвешка, Фарски Острови и Шпанија обезбедија пласман на ракометното Светско првенство кое во јануари 2027 година ќе се одржи во Германија.

Норвежаните беа подобри од Турција и на вториот меч на гости со 30-37, и со вкупни 80-60 обезбедија учество на Мундијалот.

Селекцијата на Фарски Острови беше подобра од БиХ и на вториот меч, и победи со 33-28, и после триумфот на гости со 24-22, успеа да обезбеди пласман на Светското првенство.

Таму, сосема очекувано е и селекцијата на Шпанија, која беше подобра во двомечот против Израел. Откако го добија првиот натпревар со 32-27, Шпанците триумфираа и на вториот со 36-29, и успеаја да дојдат до нов Мундијал.

Утре се чека пласман и на Македонија, која го игра реваншот против Словачка на домашен терен. По првиот меч, нашата селекција има седум голови предност (31-24).

Се вчитува...