Норвешка и втор пат подобра од Словенија

Норвежанките стигнаа и до вториот триумф во ЕХФ ЕВРО купот откако повторно славеа над Словенија овој пат со 21-26. За разлика од првиот меч во Норвешка, Словенките на домашен терен пружија далеку поголем отпор против фаворитот.

Во првото полувреме домашните ракометарки беа во „егал“ со Норвежанките и на пауза заминаа со негатива од само еден гол 11-12. Сепак, во вторите 30 минути Норвешка одигра далеку поквалитетно и на крајот стигна и до рутински триумф од 21-26.

Камила Херем со осум гола беше најефикасна кај Норвешка, додека кај Словенија се истакна Алја Варагиќ со пет гола.

 

Се вчитува...